Најмалку седум лица ги загубија животите денес во моќна бура што се ги погоди Холандија, Белгија, Германија и други европски земји
Најмалку три лица загинаа во Германија, каде што ветрот собори дрва и истурка камион надвор од патот.
Поради ветрови до 140 километри на час, стотици летови беа откажани.
Во Брисел, загина жена откако падна дрво врз автомобил.
Поради исклучително силни ветрови вио прекин е меѓународниот брз воз „Talis“ на пат помеѓу Париз и Амстердам, пренесува АП.
Силни ветрови, снег и мраз ги погодија Грција, Велика Британија, Германија, Холандија, Белгија, Романија и други делови на Европа, поради што дојде до прекин на електричната енергија, откажување и одложувања во патниот, железничкиот, воздушниот и водиот транспорт.
На меѓународниот аеродром во Амстердам откажани се 260 летови поради невремето и ветровите кои достигна 140 километри на час, јави Ројтерс.
Во Германија во прекин е сообраќајот на сите железнички оператори.
Белгиското пристаниште Ган беше затворено поради невремето што ја зафати Белгија, Холандија и Германија.
Во многу делови од Германија училиштата се уште се затворени, додека земјата се подготвува за најавената зимска бура што доаѓа од запад и носи снег, дожд и силни ветрови.
Силните ветрови кои достигнуваат и до 110 километри на час доведе до прекин на електричната енергија во југоисточниот дел на Англија, објави АП.
Поради силните ветришта, обилни врнежи од снег и мраз делови, во некои области на Шкотска на возачите им се препорачува да не патуваат.




