Цвекло, феферонки и мусли, според власта биле лукзусни производи? А тогаш што ќе кажат за перките од ајкула и тартуфите?!

Кој кого во случајов прави луд? Владата народот, или пак народот сам себе зашто не може да закрпи крај со крај и да купи основни намирници за да преживее. Под превезот ДДВ за луксузни производи, Владата поскапува и производи кои се дел од секојдневната потрошувачка кошница на просечните, па и на посиромашните граѓани. Целта е јасна, да се полни буџетот на сметка на џебот и стандардот на народот, реагира опозицијата.



Еден или два производи може да претрпат промена на цената. Според премиерот Ковачевски сите други биле детално бирани. Премиерот тврди земјава имала над 1.600 артикли и прехрамбени производи со само 5% ДДВ кои воедно биле основни во исхраната, а споредбено со останатите земји од регионот и пошироко.

Вели Македонија имала најниска стапка на ДДВ. Не кажа како во т.н луксузна листа на производи стигнаа чајот, цвеклото, лутеницата, гумите за џвакање. Според првиот човек на владата се правело непотребна хистерија. Битиќи пак вчера најави поширока ревизија, иако и тој не знаеше да каже зошто некои прозиводи како цвеклото се на листата луксузи.

Граѓаните се едногласни, мерките на владата велат ги здивеа цените. Дел од нив кои пак дојдоа во градскиот парк да  вкусат од  традиционалната макеоднска храна, загрижени дека и таа станува луксуз па барем овде можеа бесплатно да направат закуска.

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски коментирајќи ги денеска цените пак со став дека ја разбира паниката кај народот, бидејќи во овие владини одлуки гледа криминал и кражба.

На листата на луксузни производи осмамнаа околу 400 прехрамбени продукти но и артикли кои се потребни за нивно производство меѓу кои  млечни производи, кондиторски производи, дел од јужното овошје, храна за деца и неколку видови риба, брашно, џигер, сладолед, сите видови замрзната риба-освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, павлака за готвење, лутеницата, цвеклото, компоти, гриз, мусли, еурокремот, бонбони, чипс, чаевите, тропското овошје, инстат кафињата.

Од власта очекуваат, со зголемување на ДДВ во буџетот да влезат дополнителни 70 милиони евра. Пред повеќе од две недели се донесе одлуката за намалување на цените и пијалоците за 10% во однос на цените од први август. Додека цените на храната во Македонија континуирано растат, на светски берзи и натаму суровините за храна се намалуват.