Артан Груби – „Casino Man“ во бизнисот со казината, обвинува партијата на Меџити

ДУИ стана заложник на криминогените апетити на еден човек. ДУИ стана играчка во рацете на Артан Груби, реагира Демократското движење на Изет Меџити.



  • Да констатираме. Албанската опозиција ја откри аферата за 4-те нови ланци за игрите на среќа. Албанската опозиција ја откри мрежата на луѓето на Артан Груби во бизнисот со казината! Албанската опозиција го предизвика Артан Груби целосно да се затворат казината во нашата земја! За доброто на граѓаните, за доброто на нашите деца! А што направи по оваа ситуација Артан Груби, познат по прекарот „Casino Man“? се вели во реакцијата.

Заслепен од власта и тендерите реши да не обвини нас дека сме го блокирале законот?! Како не тој, туку ние да сме платени од валканите пари на казината! Значи нападот е најдобрата одбрана! Но, дали навистина мисли дека некој му верува на него? Повторуваме уште еднаш, наш предлог е конечно да ги затвораме овие места кои и нанесуваат штета на младината! Дури од утре! – велат од Демократското движење.

  • Ние предлагаме затворање, Artan Casino Man со неговиот потпис, со негова одлука отвора интернет казино за да го внесе коцкањето во нашите домови, во секој дом, преку интернет. Тоа е разликата! Меѓутоа, ќе бидеме уште малку трпеливи, доаѓа времето кога тој ќе одговара за секоја незаконска одлука што ја направил. Од ова нема спас. На крај јавно го прашуваме Артан и ДУИ, за што се бореле војниците на ОНА во 2001 година, за правата на Албанците или луѓето како Артан да ја уништат секоја национална и морална вредност! – стои во реакцијата на партијата на Меџити.