Грчева: Ни датум, ни 2030-та од самитот во Гранада

„Заврши неформалниот Самит на европските лидери во Гранада, со целосен дебакл. Дури и главната прес конференција на која чекале 700 новинари, била откажана.
Во Декларацијата како завршен документ, не се споменува ниту една земја, ниту еден датум. Во друг документ, се дава само поддршка на Украина и на напорите за енергетска ефикасност.



Она што е за нас важно, проширувањето, е буквално последен пасус во Декларацијата и освен вообичаените фрази дека е “важно”, не се споменува никаква 2030 година, туку дека ЕУ мора низ долгорочен процес да се реформира. Трла баба лан… објавува на Фејсбук претседателката на „Глас за Македонија“ Солза Грчева.

„А овде по наши портали со денови читам овој рекол, оној рекол, мора да има проширување. Само што не почнало. За муабети нема проблем, ама во документ, ништо. Толку од нашиве Еврошарлатани.

Затоа читајте оригинални документи, а не наш жолт печат. Секоја чест на сериозни весници како “Нова Македонија”, која дава издржани анализи. Има и други, но се исклучоци.

Инаку, референтниот Политико, со денови дава наслови за Самитот од типот дека ЕУ е во кома (brain death), и дека од Гранада се слуша само “цвилење”.

Ова го пишувам за да не бидеме дрско лажени и манипулирани“ вели Грчева.