Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше реизбран за претседател на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на четвртиот вонреден конгрес на партијата.



Претседателот на Конгресниот совет Али Ихсан Јавуз изјави дека Ердоган е реизбран за претседател со добивањето на сите 1.399 валидни гласови, пренесе „Дејли Сабах“.

Ова е осми пат како Ердоган е избран за лидер на партијата од нејзиното формирање.

Со истото гласање е избран и составот на Извршниот комитет за централни одлуки, кој брои 75 членови.

Реџеп Тајип Ердоган e роден на 26 февруари 1954 година и моментално е на функциоја 12-ти и актуелен претседател на Турција од 2014 година.

Тој претходно беше премиер на Турција од 2003 до 2014 година и како градоначалник на Истанбул од 1994 до 1998 година.

Тој, исто така, беше коосновач на Партијата на правдата и развојот (АКП) во 2001 година.