Утре во просториите на Министерството за финансии ќе се дискутира за данокот на моторни возила. На иста маса треба да седнат претставници на сите комори од делот на увозниците на автомобили, додек, пак, одлуката
за тоа како ќе се пресметува данокот на моторни возила, и колку тоа ќе влијае врз нивната цена ќе де најде на седница во вторник.
Всушност, станува збор за измена и дополнување на уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила. Ова, пак, произлегло од проект со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторните возила, за што Министерството за финансии и Царинската управа изготвиле Уредба, која веќе ја гледале и некои од засегнатите страни.
Дел од медиумите јавуваат и дека ако досега за возило до 10.000 евра не се плаќаше данок, сега тој ќе изнесува еден отсто, а двојно ќе се зголеми давачката и за оние возила кои повеќе загадуваат.






