Израел утрово одговори на минофрлачки и ракетни напади од либанска територија, соопштија израелските одбранбени сили.
Нападот против Либан бил одговор на голем број минофрлачки гранати кои беа испукани врз израелска територија.
Нема извештаи за жртви или материјална штета, пишува „Тајмс оф Израел“.
„Израелските одбранбени сили ќе продолжат да дејствуваат во сите региони и во секое време потребно за да се обезбеди безбедноста на израелските цивили“, се вели во соопштението на војската.
Гранати истрелани од либанска територија рано утринава погодија израелска воена станица во фармите Шабаа, изјавија три безбедносни извори за Ројтерс.
Либанската група Хезболах утринава ја презеде одговорноста за ракетниот и артилериски напад врз три локации во Израел, во областа позната како фарми Шебаа, за кои Либан тврди дека е окупирана од Израел.






