Според официјалните податоци, загинатите од двете страни се најмалку 532.
Околу 300 од жртвите биле од израелска страна, додека останатите 200 биле Палестинци.
Над 1.600 други се повредени од саботата рано наутро Хамас изврши масовен ракетен напад врз израелска територија од Појасот Газа.
Палестинската група Хамас тврди дека биле истрелани 5.000 ракети кон Израел.
Израел најави одмазничка операција во Газа.
Напојувањето со струја за Газа беше исклучено.
Ќе преземеме силна одмазда за овој злобен ден“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Хамас започна сурова и злобна војна. Ќе победиме во оваа војна… Хамас сака да не убие сите. Ова е непријател кој убива мајки и деца во нивните домови, во нивните кревети. Непријател кој киднапира постари, деца, тинејџерки“.
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, рече дека нападот што започна во Газа, тесен појас во кој живеат 2,3 милиони Палестинци, ќе се прошири на Западниот Брег и Ерусалим – територии населени со Палестинци
Жителите на Газа живеат под израелска блокада веќе 16 години, потсетува Ројтерс







