Бајден: САД ќе го чуваат грбот на Израел

Американскиот претседател Џо Бајден во синоќешното двеминутно обраќање од Белата куќа на кое изостана и можноста да одговара на новинарски прашања, порачува дека САД стојат зад Израел.



„Никогаш нема оправдување за терористички напади“, рече Бајден во своето обраќаење од Белата куќа во врска со ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток по нападот на Хамас врз Израел и жестокиот одговор на израелската војска врз Појасот Газа.

Тој вети дека САД ќе го чуваат грбот на Израел.

„Ќе се погрижиме да ја добијат потребната помош за нивните граѓани и да продолжат да се бранат, кажа американскиот претседател.

Бајден изјави дека разговарал со израелскиот премиер бенјамин Нетанјаху и додаде дека поддршката на американската администрација за безбедноста на Израел „е цврста и непоколеблива“.