Најмалку 200 Израелци и уште толку Палестинци убиени, илјадници се повредени

Најмалку 200 Израелци се убиени откако милитантната група Хамас ја нападна земјата утрово, според спасувачката служба, јавува „Си-ен-ен“.



Последните информации укажуваат и на 232 убиени Палестинци, објави Министерството за здравство во Газа.

Според информациите, илјадници лица се повредени од двете страни.