Брнабиќ прашува дали косовската претседателка влегла во Шпанија со српски пасош

Претседателката на српската влада Ана Брнабиќ праша како претседателката на Косово Вјоса Османи влегла во Шпанија, имајќи предвид дека таа земја не ги признава пасошите на Косово.Српската премиерка праша дали косовската претседателка влегла во Шпанија со српски пасош



Таа истакна дека не знае дали Османи, во тој случај, влегла со српски пасош во Шпанија.

Српската премиерка кажа дека вчерашната изјава на претседателот на Србија Александар Вучиќ најдобро ја опишува српската политика, а тоа е дека Белград никогаш не барал санкции за кого било, туку секогаш се трудел да мислел на својот народ и граѓаните, за да обезбеди подобар животен стандард.

„Од друга страна, ги имате оние кои секогаш се залагаат за казнување на Србите и не им е важно ништо друго, ниту како живеат нивните граѓани, ниту што било друго. И тоа е нивната единствена политика“, наведе Брнабиќ.

Укажа дека тоа јасно се гледа од изјавата на косовската претседателка Вјоса Османи која кажа дека не сака да разговара со Вучиќ додека не му се воведат санкции.

„Тоа значи дека не ги интересира ни мир, ни стабилност, ни деескалација, туку само ги интересира да се казни Белград и тоа практично води кон понатамошна деескалација“, кажа Брнабиќ.