Вчера на третиот Самит на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, се случи мистериозно отсуство на Ковачевски од средбата на четири моќни ЕУ лидери со албанскиот премиер Еди Рама.
На средбата на која не е повикан македонскиот премиер биле присутни претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, британскиот премиер Ричи Сунак и холандскиот премиер Марк Руте.
На средбата на која не беше македонскиот премиер Ковачевски, кој досега на вакви средби најчесто беше ставан во двојка со Рама, според објавата на шефицата на ЕК се расправало за развивање на сеопфатни партнерства.
Главната тема на разговорот била миграцијата која е важна и за Македонија и како меѓународна рута низ која во ЕУ доаѓаат мигранти од Блискиот исток и Африка но и како извор на економска миграција.
Дали Ковачевски не се смета за сериозен соговорник на оваа тема или пак тој не е повикан заради други причини поврзани со корупциските скандали на неговата влада засега нема официјално објаснување од никого.
,,Добар координативен состанок за миграција.
Франција, Британија, Италија, Холандија и Албанија 🇫🇷🇬🇧🇮🇹🇳🇱🇦🇱 се посветени да се поддржуваат еден со друг за справување со предизвиците на нерегуларната миграција, борба против шверцот, развивање сеопфатни партнерства.
Ова е европска солидарност на дело – духот на Европската политичка заедница”, напиша Урсула Фон дер Лајен во објавата.
Наместо со најмоќните луѓе во Европа Ковачевски објави слики со унгарскиот премиер Виктор Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ, хрватскиот и шпанскиот премиер Пленковиќ и Санчез, европскиот претставник Борел, косовската претседателка Вјоса Османи и други.
Разговарал ли Ковачевски со Вучиќ и Орбан за санкции кон Србија? (ФОТО)
На третиот Самит на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, многу средби, разговори, дебати и координации за важни прашања за иднината на европскиот континент и ЕУ. pic.twitter.com/zpQ1PjCxQF
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) October 6, 2023
Good coordination meeting on migration.
🇫🇷🇬🇧🇮🇹🇳🇱🇦🇱 committed to support one another to tackle the challenges of irregular migration, fight smuggling, develop comprehensive partnerships.
This is European solidarity in action – the spirit of the European Political Community. pic.twitter.com/QTXJdRhgCu
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 5, 2023






