Разговарал ли Ковачевски со Вучиќ и Орбан за санкции кон Србија? (ФОТО)

За разлика од Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој јавно се противи на идејата на некои земји членки за санкции против Србија за настаните на Косово македонскиот премиер Димитар Ковачевски не се изјаснува за идејата.



Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека идејата за воведување санкции кон Србија е смешна и дека тоа е невозможно.

Тој го кажа ова пред новинарите пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ и посочи дека Србите во последните две години трпат разни провокации.

Во Косово сакаме само мир и нормален живот за Србите изјави Орбан.

„Треба да разберете како се однесува Косово. Тие не треба да ги провоцираат Србите“, рече Орбан.

Тој додаде дека на Балканот нема стабилност без Србија и дека треба да и се помогне на Србија да го стабилизира регионот.

За разлика од него македонскиот премиер не кажува јавно каков е неговиот став и ставот на владата.

Српскиот премиер Вучиќ на Инстаграм објави фотографија со Ковачевски и Орбан за која вели дека била кратка средба со пријатели.

Во официјалните соопштенија на трите влади нема информација дали на средбата се разговарало за санкции и како Македонија би се поставила за ова прашање доколку ЕУ одлучи да ги воведе за Србија.

Ковачевски досега јавно не се изјаснил за идејата за санкции кон Србија а изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи со која тој најави можност Македонија да излезе од Отворен Балкан ја нарече приватна и дадена како од потпретседател на ДУИ а не како владина позиција.

За разлика од Ковачевски албанскиот премиер Рама во Шпанија имал средба со најмоќните лидери на ЕУ на која се разговарало за сеопфатно партнерство.

Мистериозно отсуство на Ковачевски од средбата на најмоќните лидери во ЕУ со Еди Рама (ВИДЕО)