Ново скандалозно откритие на Телма за зетот на Али Ахмети (ВИДЕО)

Од скандалозното откритие на Телма за зетот на Али Ахмети Куштрим Смајлај се гледа дека тој иако нема валиден договор за работа ниту за бизнисот нема банкарска гаранција а договорот за работа е истечен работи за државна компанија која му исплаќа огромни пари.



Пет камиони со зелена боја, нови, набавени во мај, со ознаки на К.С.А. Интернационал, фирмата во сопственост на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај, се ангажирани за работа во ТЕЦ Осломеј.

Фотографиите кои ги добила Телма се направени во текот на оваа недела, а во Осломеј, кој е во близина на Зајас, камионите на зетот на лидерот на ДУИ работат на санација на свлечиште. Но, во документите на Бирото за јавни набавки, К.С.А. никаде не фигурира како добитник на тендер за Осломеј.

Во одговорот, ЕСМ избегнува да одговори на прашањето како камионите на фирмата К.С.А. односно на зетот на Ахмети се нашле во Осломеј.

Инаку посочениот договор истекол пред 2 дена, но и тогаш и вчера камионите продолжиле да работат на терен.

Во договорот е предвидено доколку не биде остварена набавката во реализираниот период, треба да се активира банкарската гаранција, но тоа не е можно затоа што и гаранцијата истекла на 3ти октомври.

Повеќе детали на www.telma.mk