Околу 2.000 функционери – министри, заменици-министри, пратеници, судии, градоначалници, раководители, советници и други избрани и именувани лица од 1 јануари 2024 ќе добијат зголемување од 150 до 400 евра месечно.
Платата на сите функционери ќе расте со порастот на просечната плата, којашто годинава е повисока во однос на лани, па и зголемувањето ќе биде поголемо.
Платите ќе бидат зголемени и до 40.000 денари бруто, односно 24.000 нето за највисоките функционерски плати!
Шефот на државата, следната година ќе зема околу 190.000 денари плата, премиерот Димитар Ковачевски 180.000, а пратениците над 122.000 денари.
Информацијата доаѓа во време кога пензионерите бараат повисоки пензии незадоволни од последното усогласување кое наместо ветените 6,8, изнесува 5,3 проведни а наѝд 90.000 корисници на панзија примаат по околу 13.000 денари.







