Скопската компанија „Стед-комерц“ ќе ја одржува хигиената во 16 деловни единици на државната компанија Пошта за период од 2 години за тие услуги ќе наплати до 1,2 милиони евра (со вклучен ДДВ).



Во конкуренција на три компании за чистење „Стед Комерц“ дала најниска понуда која е пониска од почетната цена за 70.000 евра, дознава „Фактор.

Најневеројатно е тоа – консѝтатира порталот Фактор – што освен што ќе плати пари за чистење „Пошта“ ќе отстапи и свои вработени – хигиеничарки на фирмата што ја дава услугата.

Тоа е регулирано во договорот во кој пишува дека носителот на набавката односно „Стед компани“ се обврзува дека нема да исплаќа плата под минимално утврдената на тие хигиеничарки што ќе ги превземе од државната пошта.

Државната „Пошта“ заедно со Државните железници е еден од двата најголеми државни загубари, за што редовно добива дотации и помош од централниот буџет.