Џафери може да прекине седница кога сам ќе оцени дека треба да ја прекине

„Мое ексклузивно право е да оценувам дали да прекинувам седница или не. Ова право ми е загарантирано со Деловникот, рече парламентарниот спикер Талат Џафери во синоќешното гостување во емисијата „Вин вин“ на Телма.



Претседателот на Собранието, вели дека може да ја прекине седницата доколку нема кворум за одлучување, а може да ја прекине и во ситуации за кои тој ќе оцени дека треба да ја прекине, изјави Талат Џафери синоќа во врска со прекинатата седницата за гласање на уставните измени..

Според Џафери за претседателските избори нема дилема дека тие мора да бидат редовни, а за да бидат редовни мора да бидат во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател на државата. Мандатот, како што рече, завршува на 12 мај.