Голем срам за германските авио власти откако попладнево во Берлин исчезнал багажот на цел авион од Македонија.
Багажот на над 200 патници на линијата на Виз Ер од Скопје за Берлин исчезнал во засега нејасни околности.
Очевидци на случајот велат дека на линијата за подигнување на багажот предвидена за Скопје не се појавил ниту еден куфер на патниците меѓу кои има и деца и болни луѓе за потоа аеродромот да прикаже дека подигнувањето на куферите е завршено.
На патниците од Македонија им било сугерирано да пријават загубен багаж но на шалтерите за пробивање на загубени куфери немало персонал.
Според патници на аеродромите нема службени лица кои можат да кажат што се случило со багажот на патниците од Македонија а дел од работниците кои работат на аеродромот не можат да најдат овластени лице да каже што се случило и каде е багажот од Македонија.
Багажот на сите останати летови освен на летот од Скопје пристигнал навреме.
Најнова вест
По три часа чекање багажот се појавил





