Со растот на просечната плата,
гфункционерските плати ќе бидат поголеми и до 400 евра од идната година.
Ова значи дека околу 2.000 функционери ќе добиваат уште повисока плата од 78% покачување.
Во јули просекот на плата во Македонија е 36 286, а се очекува до крај на годината да е значително поголем, со оглед на тоа што се покачија и платите во јавниот сектор .
Законот вели дека платата се утврдува според основицата која е просечната плата на што се додава искуството.
Според ова ако се земе просечната плата исплатена во јули годинава, и додаденото искуство би илзегло дека првиот човек на државата со 33 години работно искуство би земал околу 190 илјади денари , што е повисоко за околу 30.000 колку што доби со минатото покачување, анализира ТВ Алфа.
Ковачевски пак со 26 години стаж во 2023 година според истата пресметка би земал 184 514 денари.






