„Експрес“ анализира: Регионот прави напори за притисокот врз стандардот, а Македонија упорно тапка в место

Црна Гора исто како и Македонија тешко се справува со инфлацијата оти и двете земји се увозно зависни и имаат слабо домашно производство, ама Црногорците имаат за 200 евра повисока просечна плата за разлика од Македонците. Според црногорскиот вицепремиер и министер за земјоделство Владимир Јоковиќ, кој е во официјална посета на Македонија, земјите од регионот прават напори да им се помогне на граѓаните кои тешко го пребродуваат притисокот од високите цени на и онака нискиот стандард, посебно Македонија. Рече дека земјата се подготвува да ограничи и повеќе цените на други основните животни продукти.



  • Несаканите глобални случувања многу влијаеја на инфлацијата и на цената на храната, а и ние како држава што е многу зависна од увоз на земјоделски производи и на храна, сме погодени. Ние правиме се што може да ги намалиме цените на земјоделските производи, но кога се тие увозни, а и цените на пазарите и на берзите се високи, не може да се направи многу. Ниту Македонија, ниту Црна Гора се високо развиени земји со огромен капитал и средства во буџетите. Кога би имале зошто да не дадеме? Сите во регионот се трудиме, секако нашите ресурси се ограничени, колку што можеме помагаме, верувам дека тоа се прави и во Македонија, изјави Јоковиќ.

Ако се направи споредба Македонија со Црна Гора, просечната плата кај нив е 800 евра, и затоа цените се минимално повисоки за разлика од кај нас, кои во просек земаме околу 600 евра, ама ретко кој ја зема. Па така, во популарен синџир на маркети во Црна Гора лебот чини 0,9 евра, или околу 50 денари, литар млеко 1,5 евро (околи 90 денари), додека јогуртот е околу 1,45 евра, или околу 100 денари. Тестенините варираат од половина евро до 2 евра, а килограм фета-сирење чини од 2 до 10 евра. Кај нас пак, на толку низок стаданрд, цените се идентични како во Црна Гора.

И додека во Македонија цените на храната се намалени за некој денар, кои за домашниот буџет речиси и да не значат ништо, земјите од регионот спроведуваат стратегија за намалување на цените, иако имаат висок стандард. Па така, во Словенија и во Германија цените на хранта се намалени за дури 50%, иако таму платите се неспоредливи со македонските.

Дека Германија прави се да ги заузда цените кои вртоглав пораснаа по енергетската криза, потврди и германскиот сојузен министер за земјоделство и храна, Џем Оздемир кој на властите им порача да се водат по европските практики, за економска стабилност и подобар животен стандарт на граѓаните.