Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе изгради ѕид во Јужен Тексас во обид да го запре протокот на мигранти кои доаѓаат од Мексико, објави Би-Би-Си.
Планирано е да се изградат околу 32 километри во округот Стар долж границата со Мексико, каде што голем број мигранти преминуваат во земјата.
Изградбата на ѕид долж границата со Мексико беше една од иницијативите на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Во 2020 година Џо Бајден изјави дека нема да продолжи со изградбата на оградата.
Но, зголемениот број на илегални гранични премини го направи прашањето ранливо за претседателот. Повеќе од 245.000 илегални имигранти влегле во САД од почетокот на годината
Царината и граничната заштита на САД соопшти дека бариерите ќе се состојат од големи столбови вградени во бетонска основа, како и врати, камери и опрема за видео надзор.






