Министерот за надворешни работи Никола Димитров молчи за изјавата на македонскиот преговарач во спорот за името Васко Наумовски.
Наумовски вчера рече дека последните предлози на медијаторот Нимиц се далеку од достоинствени.
Едната можна причина за молкот на Димитров е што тој не му е формален шеф на Наумовски како преговарач кој е назначен од страна на претседателот Иванов.
Втората можна причина е што Димитров додека беше специјален пратеник во спорот за името на претседателот Црвенковски даваше исти или слични изјави за предлозите на Нимиц.
Во извештај на британскиот јавен сервис BBC кој важи за сериозен медиум од март 2008 година се јавува за изјава на Димитров која што е многу слична на последната на Наумовски.
Тогаш Димитров по еден предлог даден од медијаторот Нимиц, рекол дека “Иако Македонија сака да влезе во НАТО не може да ја исече гранката на која седи и да си поигрува со сопствениот национален идентитет”.






