„Сметам дека е потребен ремонт, генерален реизбор на сите судии и јавни обвинители во втор и во трет степен. Како би одел тој реизбор, има неколку точки. Прво постепено, по една третина, тоа да не биде само формално. Што да бараме со тој реизбор – стручност, меѓутоа и докажан интегритет и покажани резултати во работењето, смета обвинителката од Вишото јавно обвинителство, Фатиме Фетаи која порано беше дел од веќе згаснатото Специјално јавно обвинителство.



Според неа, сите досегашни опции со кои „се крпел“ системот се веќе искористени.

„Се уште има отсуство или минимална доверба во правосудството од граѓаните. Она што ни недостасува не се поконкретни правила, не се нови закони, туку ни требаат правници кои имаат способност да ја применуваат правната рамка, духот на правото и на општествените вредности кои правото ги штити“, рече Фетаи пренесе Фактор.

Фетаи смета да биде земено предвид особено за оние кои целат кон раководни позиции, дали и колку, во време на извршување на функцијата судија или јавен обвинител, нивниот глас е слушнат во општеството, за прашања широки правни од широк општ интерес, истакна таа. Потребно е и проверка на имотот, на финансиите, поврзаноста со одредени криминални структури…