Аналитичраот Џевдет Хајредини реагира на повикот на американската амбасадорка во Земјава, Агелер, која ги повикува лидерите на сите партии да ја направат вистинската работа за земјава.
Да потсетиме, амбасадорката на САД рече дека закони за амнестија имало порано, а сигурно ќе има и во иднина, но лидерите мора да ги информираат граѓаните за своите одлуки.
„Најважната работа за Амбасадата, за САД е да бидеме уверени дека процесот се движи по легален пат. Да биде транспарентен. И граѓаните во земјата да знаат што се случува и зошто тоа се случува. И нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто тоа е важно за нив. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу го следиме процесот за да го видиме крајниот резултат“
ххх
„За Македонија вистинска работа на некои лидери на партии е и лично да одговараат за криминал и корупција, со што земјата ја доведоа во катастрофална состојба, како што и вам ви e многу добро познато“ – пишува Хајредини на Фејсбук.







