Али Ахмети не е единствен во неговата фамилија што го крши законот

Али Ахмети не е единствениот во неговата најблиска фамилија што го крши законот.
Покрај лидерот на ДУИ кој спротивно на законот за антикорупција морал да го пријави имотот на неговиот зет и ќерка кои живеат на неговата адреса и се сметаат за блиски роднини, според јавно достапни информации спротивно на законот се однесува се однесува и неговиот зет Куштрим Смајлај.



Зетот на Ахмети според наодите на емисијата Код живее во луксузен апартман од 233 евра во Скопје а досега овие информации никој не ги демантираше.

Ќерката и зетот на Али Ахмети живеат како богови во 233 м2 дуплекс на нафтен тајкун на ДУИ (ВИДЕО)

Согласно законот, зетот на Али, Смајлај е странски државјанин кој има обврски соодветно да постапува според законот за странци но тој пропуштил да го стори тоа.

Иако е пријавен во семејната куќа на Али Ахмети во Зајас зетот Куштрим непријавен живее во апартманот на два ката во Скопје со што направил кршење на законот за странци.

Членот 218 точка 7 од овој закон пропишува глоба од 25 до 250€ ако странец, во случајот Куштрим не ја пријавил промената на живеалиштето.

За Куштрим кој само во 2022 година направил профит од 2,5 милиони евра 250 евра се ништо и тој лесно ќе ги плати ако биде соочен со законот но овде поголем проблем е што овластените полициски службеници во МВР кои го водат неговиот случај не постапуваат по законот, најверојатно затоа што се плашат од одмазда од неговиот дедо Али.

Сличен е и случајот со скриениот имот на Али кој во својот имотен лист до Антикорупциската комисија не ги пријавува парите и имотот на своите ќерка и зет иако тие живеат со него.

Во случајов заради моќниот дедо и МВР и Државната комисија за спречување на корупција не го спроведуваат законот.

Повеќе детали за оваа тема