Владините мерки, минималното зголемување на платите и пензиите, и се она што власта го прави периодов, е само мачкање очи на граѓаните кои и онака едваж преживуваат во ек на криза. Па така, наместо линерано зголемување на пензиите за 3.500 денари, тие добија само 5,3%, платите пораснаа само за 10% ама не секаде, цените на храната се замрзнаа, но не доволно, и капак на се инфлациата која само на хартија е потсмирена, анализира Алфа. Сето ова, според познавачите на состојбите е само шминка која сама по себе кажува дека економската слика не чини. Според професорот Лазар Јовевски, власта мора еднаш за секогаш да покаже сериозност и да работи домаќински, а не само да прави театар дека нешто се прави. Вели дека сите овие мерки се чиста козметика кои нема да дадат ефект на долг рок.

Дека ваквите мерки нема да го дадат посакуваниот ефект вели и економистот Абил Бауш. Спорд него, замрзнувањето на цените било само козметичка мерка, а минималното зголемување на платите и пензиите немало сериозно да им помогне на граѓаните кои едвај крпат крај со крај во ек на криза.
Покрај нискиот животен стандард, на врата ни тропа и зимата, која сама по себе нови и еден куп давачки.

Според економистите, нема да биде ни малку лесно, зашто има поскапување на енергенсите и на цената на дрвата која надмина 5.000 денари за кубик. Па така на граѓаните ќе им биде потешко соодветно да ги загреат домовите.
Што се однесува до последната мерка за замрзнување на цените, економистите сметаат дека ваквите мерки даваат резултат само на краток период, додека на подолг – ќе се појават други аномалии на пазарот кои пак ќе паднат врз грбот на и оната осиромашениот граѓанин.




