Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, ги отфрла озборувањата дека тој, всушност, ја чува премиерската фотеља за поранешниот шеф на СДСМ и екс премиер Зоран Заев, откако на социјалните мрежи и низ медиумите процилкулира фотографија на Заев во штабот на партијата како иден член на „стратешкиот тим“, што и да значи тоа.
„Во СДСМ никој никому не чува фотелја, затоа што претседател на партијата се избира преку гласање од страна на сите членови“, рече Ковачевски во вечерашното гостување во вестите на ТВ Сител.
„Една од темите што се отворија во разговорот беше враќањето на поранешниот лидер Зоран Заев во партијата, на координативен состанок на т.н. стратешки тим на партијата, што беше проследено со голем интерес во јавноста.
„Се работи за состанок на кој беа присутни партиски другари. Јас пред да бидат претседател на СДСМ бев член на Извршен одбор во кој беше претседател Зоран Заев, сум бил во Извршен одбор кога била претседател Радмила Шеќеринска, но и кога бил Бранко Црвенковски“,рече премиерот.
Според Ковачевски, средбата на која присуствуваше Заев, а по чие завршување имаше само кратка објава на социјалните мрежи и неколку фотографии, била показател дека СДСМ е отворена партија за секого, без разлика на која позиција се наоѓа во државата.






