Солза Грчева, поранешна претеничка на СДСМ, беше денес меѓу групата граѓани и повеќе граѓански здруженија кои со анти-НАТО транспаренти протестираа пред Собранието за посетатата на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на Македонија.
Преку Фејсбук, Грчева испрати порака: „Да кажеме дека имаме едно име – Република Македонија“.
На некои од транспарентите на демонстрантите пишуваше: „Против војна за профити“, „Во НАТО ниту под уставно име“.




