Ковачки до Спасовски: Во Владата гласате ЗА закони и друго, а потоа пред медиуми сте ПРОТИВ тоа! – Ова е политичка шизофренија!

„Министре Спасовски, некако вашите ставови изгледа никој не ги зема во предвид. Што би рекол вашиот идол од лидер Ковачевски – ‘Никогаш, освен еднаш и сега втор пат’ не се случило министер на Влада да гласа ЗА одредено решение, а потоа пред медиумите да кажува дека е ПРОТИВ.“ – му реагира Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по повод неговата изјава дека „лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не знае како е да се има став“.



Во својата објава на фејсбук Ковачки го потсетува Спасовски за „доследноста“ и „јакоста“ на неговите „ставови“: Спасовски, пред неколку месеци имавте став за рудниците на југ од државата. На седница на Влада гласавте ЗА, а потоа ретериравте. Сега повторно: на седница на Владата за законот за амнестија на наркодилери и  помагатели на терористи гласате ЗА, но пред медиумите потоа ретерирате и кажувате дека сте против. Јаки се ставовите, нема што.

Уште некој да може да утврди кое е поверодостојно: гласањето во Владата ЗА, или јавното противење на сопственото гласање во Влада.

#ПолитичкаШизофренија