Пишува: Свето Тоевски
„Секој понеделник учениците во основните училишта во Општина Аеродром пред почетокот на наставата, построени во училишниот двор, ќе го слушаат интонирањето на химната на Македонија. Ова многу смрди на политичка игра пред претстојните избори. Дури, мириса и на злоупотреба на деца, но за тоа својот збор треба да го кажат други институции.“ – вели Анета Стојковска во својата скандалозна колумна со наслов „Денес над Аеродром се раѓа нова глупост за учениците“, објавена во весникот „Слободен печат“.
Покрај другото, Стојковска пишува: „Практиката што ја воведе поранешниот градоначалник Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ, па беше прекината во времето на Златко Mарин од СДСМ, сега повторно, на средина од мандатот ја враќа актуелниот прв човек на Аеродром Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ. Тврди дека љубовта кон татковината се гради од најмала возраст, а дека со интонирањето на химната ќе се подигне националното чувство и љубовта кон Македонија и ќе се охрабрат (?!) децата да учат за македонската култура и традиција.“
„Па, така, во понеделникот учениците од осумте општински основни училишта, построени како војничиња, стоеја во училишните дворови рано наутро и ја слушаа химната. Сега може да се очекува и другите вмровски градоначалници да тргнат по стапките на Муцунски. Можеби не е лошо сите граѓани, построени, да ја почнуваат работната недела со интонирање на химната, ако помага тоа навистина.“
Оваа колумна на Анета Стојковска може да се сфати и како мајтапење, како поигрување со химната на државата Македонија и со сета историја на македонскиот народ, која е всредоточена во текстот на овој национален симбол, по кој се препознава Македонија во светот. Интонирањето на македонската државна химна во основните училишта во општина Аеродром како пракса треба да се прошири низ цела Македонија, а не да се оквалификува како „смрдлива политичка игра пред претстојните избори“, или како „злоупотреба со деца“!
Сега се почесто се слушаат барања за промена на македонската химна и грб. Затоа, наместо да се објавува во јавноста скандалозна колумна со уште поскандалозен наслов „Денес над Аеродром се раѓа нова глупост за учениците“, што може да се сфати и како иронизирање со химничните зборови „Денес над Македонија се раѓа“, првин требало да согледа како и во други држави во светот се практикува таа „смрдлива политичка игра пред изборите“ и колку и каде се „злоупотребуваат децата“ со исполнувањето на државните химни на односните држави.
Еве два важни и поучни примера, првиот од САД. Во документот на државниот Оддел за основно и средно образование на американската сојузна држава Арканзас од 15 април 2022 година, покрај другото, се наведува: „Од најголема важност е младите во Арканзас да учат за националната химна на Соединетите Американски Држави ‘The Star-Spangled Banner‘ – ‘Знаме осветлено со ѕвезди’. Училишните совети и директорите треба да усвојат јавна политика, со која ќе биде овозможено изведување на американската државна химна во текот на часовите во училиштата и за време на спортски натпревари. Со оваа политика ќе треба да се бара и секоја јавна детска градинка да ја исполнува американската химна најмалку еднаш неделно за време на часовите со децата. Редовното исполнување на химната го засилува патриотизмот и го прославува заедничкото искуство на Америка.“
Вториот пример како се „злоупотребуваат децата“ со „смрдливи политички игри“ е од уште една развиена и водечка држава во светот, од Јапонија. Во статија со наслов „Основните училишта се пред нова обврска: патриотизам, ‘Кимигајо“, објавена на 29 март 2008 година, јапонскиот информативен портал „The Japan Times“ има објавено: „Министерството за образование на Јапонија објави ревидирана наставна програма за образование за основните и средните училишта, која повикува на промовирање патриотизам и обврзување на јапонските деца меѓу прво и шесто одделение да ја пеат националната химна на Јапонија ‘Кимигајо’. Министерството соопшти дека целосно ќе го спроведува ревидираниот водич во основните училишта од учебната 2011 година, со цел да се всади патриотизам кај учениците.“
Изведба на американската државна химна во основното училиште Лејквуд, во градот Далас, САД:





