„Само прашање на време“ кога Украина ќе влезе во ЕУ, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Гардијан.
Шест балкански земји, Грузија и Молдавија – покрај Украина – очекуваат „покана за ЕУ“
По „историската“ ненајавена „средба“ на министрите за надворешни работи на ЕУ во главниот град на Украина, Зеленски вели дека преговорите за членство би можеле да започнат оваа година бидејќи министрите за надворешни работи на ЕУ ветуваат пакет воена помош од 5 милијарди евра на изненаден самит во Киев.
„Нашата клучна цел на интеграцијата е да донесеме одлука за почеток на преговорите за членство оваа година. И денеска уште еднаш на состаноци и преговори слушнав дека тоа е апсолутно можно – рече Зеленски синоќа.
Тој рече дека е „само прашање на време“ кога Украина ќе се приклучи на блокот и дека „дефинитивно ќе го исполни“ својот дел од предусловите…“







