Ќерката на Кадиров стана вицепремиер на Чеченија

24-годишната ќерка на Рамзан Кадиров Ајшат ќе стане заменик-премиер на Чеченија за социјални прашања.



Ова го објави самиот претседател Рамзан Кадиров на „Телеграм“.

Според него предлогот за назначување на Ајшат Кадирова на оваа функција го доставил претседателот на чеченскиот парламент Муслим Хучиев на проширена седница на владата.

„Ги поддржав предлозите на Муслим Кучиев. Несомнено, Ајшат Кадирова даде голем придонес за подобрување на активностите на регионалното Министерство за култура и стекна професионално искуство“, напиша Рамзан Кадиров.

Политичката кариера на Аишат Кадирова започна како заменик министер за култура, а потоа стана и министер за култура.