Мицкоски до Брисел, Вашингтон, Берлин, Париз …: Не бидете заложници на руските интереси преку бугарскиот случај (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати порака меѓународната заедница пред се до факторите во Брисел, Вашингтон, Берлин, Париз … да не бидат заложници на руските интереси со дозволата за Софија да ги бугаризира Македонците.



,,Мојата порака до меѓународната заедница е да не дозволите уште еднаш да бидете заложници на руските интереси удоволувајќи и на Бугарија за повторно да се обиде да го асимилира Македонецот. ВМРО-ДПМНЕ додека јас сум претседател нема никогаш да поддржи ваков бугарски диктат”, му порача Мицкоски на меѓународниот фактор од унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.