Ахмети и ДУИ-УЧК во 2001 воено ја нападнаа Македонија, а сега пак бараат „Закон за УЧК“ и „пензии за нејзините борци и маченици“!

„Поранешниот командант на УЧК  Рафиз Алити, со прекар ‘Учителот’ во конфликтот во 2001 година, изјави во интервју со ТВ Алсат дека првиот човек на ДУИ Али Ахмети пред неколку месеци разговарал со премиерот Димитар Ковачевски околу законско решение, со кое би биле опфатени сите засегнати од конфликтот во 2001 година, вклучувајќи ги тука и поранешните војници на УЧК и семејствата на мачениците, за кои веќе две децении се ветува решение.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“ во својата информација со наслов „Ахмети разговарал со Ковачевски за Законот за УЧК“.



„Лајм“ пишува: Но, Алити не кажа каков бил исходот од овие разговори меѓу двајцата партнери од владината коалиција и дали Ковачевски покажал подготвеност за идејата на Ахмети. ДУИ и нејзиниот шеф Али Ахмети од крајот на војната повеќепати ветуваа правно решение за статусот на УЧК, но ова прашање остана нерешено и 22 години по конфликтот.

„Пред неколку месеци првиот човек на ДУИ Али Ахмети, го отвори ова прашање со премиерот Димитар Ковачевски и поранешниот генерал Ангелов, дека е подготвен да се усвои закон, кој ќе се занимава со категориите, што настрадаа во 2001 година. Не се само борците на УЧК. Има и неколку други категории, како што е случајот со Куманово, случајот со Порој, или во Тетово, кое беше бомбардирано, или во Љуботен, случајот со цивилите, кои настрадаа. Ги имаме и семејствата на исчезнатите, било од македонска или од албанска страна. Со сеопфатен закон да овозможиме да бидат третирани од државните институции, за да имаат некаква бенефиција, бидејќи и тие семејства мора да преживеат. Донесувањето закон во оваа насока би било од корист за сите граѓани, без разлика кој на која страна бил во 2001 година.“ – рече Рафиз Алити во интервју за ТВ Алсат.

Алити во ова интервју рече дека ДУИ направила многу работа за ресоцијализација на поранешните војници на УЧК, „како што предвидуваше Охридскиот договор“. Но, тој призна дека и покрај многубројните напори, ДУИ не успеала со закон да го регулира статусот на поранешните припадници на УЧК, како што се случи со „бранителите“, веднаш по конфликтот во 2001 година. Алити ги обвини македонските партии за неуспехот на овие напори, кои, како што рече, секогаш се противеле на законското решение за припадниците на ОВК.