Зеколи: Никој не им обрнува внимание на „проценките“ на Спасовски и Пендаровски кога велат дека нападот врз Косово не ја засега Македонија!

„Само да се разјасни тежината на изјавите на функционерите од Македонија: не поминаа 24 часа откако министерот Оливер Спасовски, претседателот Пендаровски кажаа дека напнатоста во Косово не ја засега Македонија, а САД веќе објавија дека целта на нападот е да се дестабилизира регионот, не само Косово.“ – вели на својот фејсбук-профил Арсим Зеколи, поранешниот амбасадор и сега политички аналитичар. Објавата на Зеколи на фејсбук ја пренесе весникот на албански јазик „Лајм“ под наслов „ Тежината на изјавите на функционерите на Македонија!“



Во изјавата Зеколи дополнува: Да не зборуваме воопшто за високите тонови од Вашингтон и Берлин упатени до Белград синоќа. Запознати се овие со слугите на ДУИ и нивните „новинари на изнајмување“. Затоа, никој во регионот не обрнуваше внимание на нивните „проценки“…