Мисовски го издаде Маричиќ, барал вицепремиерот да не реагира во скандалот со Стојаноска (ВИДЕО)

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски го издаде вицепремиерот Бојан Маричиќ дека несоодветно реагирал за време на скандалот со Дафина Стојаноска која го обвини заменикот на Ковачевски дека и упатувал бакнежи од своето столче во Собранието.



Стојановска објавува видео на кое се гледа како Мисовски му порачува некому да го спречи Маричиќ да реагира.

Мисовски е еден од ретките луѓе во Собранието кој можеше директно да го гледа однесувањето на Маричиќ додека говореше Стојаноска.