Почна исплатата на „зголемените“ пензии: Некому 700 некому 3.700 плус

Започна исплатата на септевриските панзии, „усогласени“ за 5,3 % нагоре.



Со ова „зголемување“ корисниците на највисоки пензии ќе добиваат по околу 3.700 денари плус на сегашните панзии, а пензионерите со ниски примања на своите сметки ќе добијат дополнителни 700 денари.

Изминатиот период голем број пензионери излегуваа на протести со барање за линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари со цел да им се помогне во услови на голема економска криза и висока инфлација.

Порачаа дека ќе продолжат со протестите се до исполнување на нивното барање.

Во Македонија има околу 330.000 пензионери, најголемиот дел од нив, над 97.000 се со пензии до 13.000 денари.