Сончево време со мала локална облачност се очекува денеска со умерен, а вдолж Повардарието засилен и ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура ќе биде од 5 до 18 Целзиусови степени, а во текот на денот од 18 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Температурата наутро ќе биде 12, а во текот на денот до 27 Целзиусови степени.
Топлото време, со свежи утра и со повремена умерена облачност, според информациите од УХМР, ќе продолжи и во наредните денови, а во четврток се очекува да има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.






