Лидерот на БЕСА, Билал Касами вели дека е сигурно дека опозицискиските партии на Албанците ќе излезат со свој кандидат Албанец за претседател на државата на изборите следната пролет.
„Да, тоа е сигурно, досега сме излегле со такви комбинации и претходниот пат имавме заеднички кандидат со Алијанса за Албанците и сега една од нашите договорени работи со сегашната опозицијата е дека на следните претседателски избори ќе трчаме со наш кандидат“ рече Касами во интервју за РСЕ.
Според него, рано е да се открие името на можниот кандидат
„Сега не откриваме, отвораме врата и за други партии и комбинација за приближување на други политички партии и други чинители во општеството за да се приклучат на опозицијата и да разговараме за заеднички кандидат за претседател“, вели лидерот на БЕСА.





