Денеска е јубилејот пет години откако народот одби да го смени своето име кое потоа насила беше сменето од Зоран Заев, СДСМ и ДУИ но и јубилеј од првиот знак дека Зоран Заев нема да владее долго.
На денешен ден пред 5 години Заев напиша триумфалистички пост во кој беше сигурен дека граѓаните ќе го поддржат во намерата да го смени уставот за Македонија да стане северна.
Постот кој Заев го избришал десетина минути откако го објавил се уште постои затоа што на него коментирал пратеникот Антонио Милошоски.

Заев потоа не го послуша својот народ и го смени името по што му се случи тежок пораз на локалните избори и тој мораше да замине од власт.






