Сомнежи за квалитетот на глукомерите не треба да има, рече министерот за здравство – ама сепак има

Ви тврдам дека додека сум министер, отсега натаму нема да се случи да доцни тендерирање или јавни набавки за лекови, освен во случај ако нема некоја компонента или материја, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со набавката на глукомерите и лентите за дијабетичарите. Министерот, решение за проблемот со ленти за мерење шеќер и апарати го гледа во воведување на референтни цени во аптеките и секој корисник до одредена цена може да земе ленти и апарат.



И дијабетичарите бараат дека најдобро е да биде со референтни цени. Што подразбира тоа? За да појасниме тоа значи дека кога пациенти ќе оди во аптека и ќе има една квота сума на финансиски средства до каде ќе го покрива ФЗОМ на тоа кој сака каков бренд ќе сака таков ќе земе. Знаете дека еден тендер за дијабетичарите е две години и ние некои припреми законски да направиме. Последниот тендер трае околу година ипол и по две години нема да има доцнење на тендери“, вели Меџити.

По реакцијата од здруженијата на луѓето со дијабет дека немало за сите корисници ленти и апарати, а тие што ги добиле биле спакувани во ќеси без декларации министерот објснува и гарантира дека се до добар квалитет, а воедно ги замолиле дистрибутерите да ставаат декларции. Во Октомври сите дијабетичари ќе ги имаат и лентите и мерачите на шеќер, вели Меџити.