Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради силното невреме кое носи поројни поплави.
Многу од градските подземни системи, улици и автопати се поплавени, додека најмалку еден терминал на аеродромот Ла Гвардија беше затворен во петокот пред подоцна повторно да биде отворен.
Дожд до 20 сантиметри падна во некои делови од градот.
„Ова е опасна, опасна по живот бура“, рече гувернерката Кети Хочул.
„Прогласувам вонредна состојба низ Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон поради екстремните врнежи што ги гледаме низ целиот регион“,објави гувернерката „X“ поранешен Твитер.
Таа ги повика луѓето да преземат чекори за да останат безбедни и „никако да не се обидуваат да патуваат по поплавените патишта“.








