Лидерот на партијата на Македонците во Грција Павле Васкопулос пренесува дека грчките медиуми сосема различно од македонските ја пренесле изјавата на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.
Според дел од грчките медиуми Лавров со својата изјава за Македонија ја охрабрува Грција да го спречи влезот на земјава во НАТО.
Павлопулос посочува текст на весникот Та Неа според кој сигналите кои доаѓаат од Русија се во правец на грчка блокада на Македонија за влез во НАТО.

Никос Коѕиас беше единствениот министер на земја членка на ЕУ кој се спротивстави на европските и американските санкции за Русија.
Со вакви медиумски извештаи се засилуваат теориите на завера според кои Грција со блокадата на Македонија за влез во НАТО само и прави услуга на Русија.





