Во Маврово и Ростуше врие од мечки – се бара да се прогласи кризна состојба

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна состојба на територијата на општината поради голема опасност од напади од мечки што бил енормно зголемен број и бараат да се предвидат мерки и активности за надминување на состојбата. За ова денеска, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов ќе одржи прес-конференција во ЦУК, на којашто ќе извести за добиената иницијатива од таму. Од општината веќе информираа дека на вонредна седница барале воведување кризна состојба.



Врз основа на донесениот заклучок на вондредна седница од страна на Советот на Општина Маврово и Ростуше, Општината до Владата на Република Северна Македонија поднесе Информација со барање за прогласување кризна состојба на цела територија на Општина Маврово и Ростуше. Општина Маврово и Ростуше ги превзеде сите активности и мерки кои се во своја надлежност, се со цел да ги заштити своите граѓани.

Исто така ги повикуваме Министерството за Животна Срдина и Просторно планирање, Министертвото за Земјоделство, шумарство и водостопанство, НП Маврово, ЦУК и сите други институции кои се надлежни за решавање на овој голем проблем со мечките и дивите свињи да се стават во функција за што поскоро решавање на истиот, со што ќе ја вратиме безбедноста на нашите граѓани.“, стои на фејсбук страната на општината.