Рашела Мизрахи ќе ја води комисијата што ќе го истражува скандалот на Онкологија

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ што ќе ја води комисијата што ќе го истражува скандалот на Онкологија.



Според процедурата шеф на анкетната комисија треба да дојде од редовите на опозицијата од каде ја предлагаат биотехемичарката Мизрахи.

За заменик претседател ВМРО-ДПМНЕ го предлага пратеникот Александар Велиновски а за членови Антонијо Милошоски, Гордана Силјановска Давкова, Иванка Силјановска, Љупчо Пренџов и Петар Ристески.

Денеска на пладне се очекува да има седница на Комисијата за избори и именувања на која ќе се утврди составот, членови, претседател и други детали за работата на комисијата по што на првата наредна пленарна седница , најверојатно среда идната седмица, ќе се изгласа и потврди од Собранието.