Ќе се избира Анкетна комисија за случајот „Онкологија“

Собраниската Комисија за избори и именувања денеска ќе ја утврдува предлог-одлука за избор на претседател, членови и нивни заменици на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ „Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија“.



Одговорност за случајот со онкологија ќе има и одговорните за евентуална злоупотреба ќе бидат изнесени во јавноста со име и презиме, истакна вчера заменик министерката за здравство Маја Манолева одговарајќи на прашање на пратеникот Петар Ристески ВМРО – ДПМНЕ.

Сестрата што крадела цитостатици не се појавила на распит

Манолева кажа дека постапката со случајот на онкологија не е завршена и не може да се даваат квалификации дека никој за ова нема да одговара.