Сурои: Грешка е што се чествуваа како херои и албанските парамилитарци, кои ја нападнаа Р*М во 2015 и српските парамилитарци, кои го нападнаа Косово!

„Новинарот и публицист Ветон Сурои во своја објава на општествената мрежа икс (твитер) напиша дека е грешка што Косово ги чествувало како херои припадниците на албанските паравоени единици, кои го организираа и го изведоа нападот во Куманово, во * Македонија во 2015 година, но исто така и дека е, според него, грешка што и Србија ги прикажува како херои припадниците на српските парамилитарни единици, кои го нападнаа деновиве Косово.“ – објавија информативниот портал „Газета Експрес“ од Приштина, „Лидери.мк“ и повеќе други медиуми на албански јазик во Македонија, Косово и во Балканот.



Ветон Сурои, кој е влијателен публицист, политичар и поранешен пратеник во Парламентот на Косово, на „икс“ (твитер) објави: „Борците на паравоената албанска единица, кои ја нападнаа * Македонија во 2015 година, беа третирани како херои во Косово. Припадниците на паравоената српска единица, кои го нападнаа Косово во 2023 година, беа поздравени како херои во Србија. Грешка се и двеве нешта. Двете грешки не се нешто правилно.“

Неговиот критички став наиде на жестока реакција на новинарот Илир Мирена, кој го праша Сурои „како може да ја споредува ‘Кумановската група’ (која го нападна  „Диво Насеље) со српската терористичка група, која го уби косовскиот полицаец Агим Буњаку“.

Покрај другото, во својата реакција кон Сурои Мирена изнесе: „Зошто го споредуваш Бег Ризај (еден од Албанците, што учествуваа во оружениот судир со македонската полиција во Диво Насеље“), кој беше убиен во * Македонија, со Милан Радојичиќ (осомничен дека ја водел групата Срби, кои се судрија со косовската полиција во Бањска, во Косово?“