Маричиќ негира: „Не сум праќал бакнежи кон пратеничката …“

„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа“, реагира на Фејсбук вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.



Пратеничката Стојаноска денеска од говорницата во Собранието на сесијата пратенички прашања го обвини вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека и испраќал цинични бакнежи и намигнувања…

Стојаноска до Маричиќ по секситичките гестикулации: Срам за македонското и европското знаме, срам за машкиот пол

„Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси. Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации.

Достојноста на македонскиот парламент е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста која владее во нејзиниот табор“, напиша Маричиќ на социјалните мрежи.