Македонските земјоделци од ден во ден се повеќе го губат интересот за производство на храна

Ако мислите дека струмичани јадат поевтин зеленчук од останатите градови во земјава, се лажете. Затоа доволно е да го посетите пазарот на големо во овој град. Празен е. Причината е што нема производители во толкав број како порано, а тие што останале, продаваат на откупни центри. Во вакви услови, зеленчукот што тука се произведува е со подеднакво високи цени како и во другите места во државата, објави Телма. Но, и трговците не минуваат подобро.



Оние што останале на пазарот на големо се жалат дека нема домашно производство, а увозното е прескапо. Голем број од трговските објекти тука почнуваат и да затвораат. Од земјоделските здруженија велат дека сликата е поразителна и по нивите. Цели працели се запустени. Нема производители, па нема ниту обработени ниви.