Бектеши се пофали: Ја зголемивме квотата на увоз на јужно овошје – оваа зима ќе биде поевтино

Маркетите се затвораа затоа што правеа измами со производите со загарантирани цени. Ние мораме да ги заштитиме потрошувачите, вели министерот за економија Крешник Бектеши во СТУДИО 10 на ТВ 24.



Граѓаните уште од денес ќе забележат дека одредени производи кои не спаѓаат во категоријата со загарантирани цени уште од денес ќе бидат со намалени цени. Граѓаните да бидат спокојни, државата презема мерки. Овие мерки ќе ја намалат инфлацијата и до крајот на годината ќе падне на 5%. Сегашните мерки со гарантирани цени ќе траат до 30 ноември, но потоа ќе одлучиме дали треба да се продолжи, вели Бектеши.

Бектеши за ТВ 24 вели дека е зголемена и квотата на увоз на јужно овошје за дополнителни 2.000 тони со што јужното овошје зимоска ќе биде поевтино.

Мене ми е битно за субвенциите што им ги даваме на земјоделците нашите граѓани да бидат подмирени со производи со фер цени, а потоа може да има и извоз, вели министерот.